АЗЛП

Добредојдовте на платформата за размена на информации со граѓаните и контролорите

Платформата за размена на информации е веб апликација која им овозможува на граѓаните и контролорите да поднесуваат до Дирекцијата за заштита на личните податоци барања и документи во електронска форма. На овој начин се избегнува размената на хартиена документација и се скратува времето за достава на бараните документи и информации од страна на граѓаните и контролорите. Со ова се воведува поголема економичност и ефикасност во водење на постапките во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Целокупната комуникација помеѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и контролорите и граѓаните се одвива он-лајн. На платформата секој контролор и граѓанин може доброволно да креира сопствен профил за користење на повеќе он-лајн услуги на Дирекцијата за заштита на личните податоци. На својот профил имате пристап до сите Ваши барања и постапки кои се водат во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Покрај ова, на Вашиот профил достапни се и сите повратни барања од Дирекцијата за заштита на личните податоци за секоја одделна услуга која сте ја побарале. За сите дополнителни барања ќе добивате известување на е-маилот кој сте го користеле при регистрацијата како и на Вашиот профил. Регистрацијата на оваа платформа е бесплатна.