Политика за приватност
Политика за приватност за корисниците на Платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните.
1. Што преставува Платформата за размена на
информации со контролорите и граѓаните
Платформата
за размена на информации е веб апликација која им овозможува на
граѓаните и контролорите да поднесуваат до Агенцијата за заштита
на личните податоци барања и документи во електронска форма. На
овој начин се избегнува размената на хартиена документација и се
скратува времето за достава на бараните документи и информации од
страна на граѓаните и контролорите. Со ова се воведува поголема
економичност и ефикасност во водење на постапките во Агенцијата за
заштита на личните податоци. Целокупната комуникација помеѓу
Агенцијата за заштита на личните податоци и контролорите и
граѓаните се одвива он-лајн. На платформата секој контролор и
граѓанин може доброволно да креира сопствен профил за користење на
повеќе он-лајн услуги на Агенцијата за заштита на личните
податоци. На својот профил имате пристап до сите Ваши барања и
постапки кои се водат во Агенцијата за заштита на личните
податоци. Покрај ова, на Вашиот профил достапни се и сите повратни
барања од Агенцијата за заштита на личните податоци за секоја
одделна услуга која сте ја побарале. За сите дополнителни барања ќе
добивате известување на е-маилот кој сте го користеле при
регистрацијата како и на Вашиот профил. Регистрацијата на оваа
платформа е бесплатна.
2. Кои податоци ги
обработуваме и за која цел?
За да ја користете Платформата
за размена на информации со контролорите и граѓаните неопходно е да
се регистрирате како физичко или правно лице. При регистрација на
физичко лице се обработуваат следниве податоци: име и презиме,
држава, општина, населено место, е-маил адреса и контакт телефон.
За правното лице се обработуваат: регистрирано име, скратено име,
даночен број, тип на правно лице, држава, општина, населено место,
е-маил адреса и контакт телефон. Со регистрацијата добиваме
информации кои не уверуваат дека доброволно сте се регистрирале и
самите или лице овластено од Вас управува со корисничкиот профил и
лозинка.
3. Кој има пристап до Вашите податоци и на кого може да му
бидат откриени?
Корисникот може во секое време преку својот
профил да ги ажурира сопствените податоците кои веќе ги внел. За
секое одделно барања и постапки кои се водат во Агенцијата за
заштита на личните податоци се обработуваат лични податоци согласно
прописите за заштита на личните податоци. Пристап до лични податоци
имаат само овластени лица од Агенцијата за заштита на личните
податоци. Со Вашата регистрација се согласувате Агенцијата за
заштита на личните податоци да ги обработува податоците за цели на
регистрацијата. Податоците кои се собираат и чуваат при Вашата
регистрација не се откриваат на трети лица. По исклучок може да се
откријат податоците од регистрацијата заради решавање на техничи
проблеми од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци
или компанијата која ја изработи и одржува платформата. Покрај ова,
податоците може да се откријат и на овластени органи за случаи
утврдени со закон.
4. Како обезбедуваме заштита и тајност на податоците?
Лозинката
што ја користите за поврзување на платформата е криптирана на
мрежата и може да се декриптира исклучиво заради автентификација.
Деталите за Вашиот профил Ви се достапни само вам и на
администраторот. Секогаш треба да сте свесни дека доколку до Вашата
емаил адреса има пристап друго лице, истото може да има пристап и
до Вашиот профил. Доколку и друг има пристп до Вашата емаил адреса
и Вашиот профил за тоа самите преземате одговорност. Исто така,
дозволено Ви е да ја ресетирате лозинката преку емаил адресата што
сте ја искоритиле при регистрацијата. Тоа значи дека доколку некој
друг има пристап до оваа емаил адреса ќе може да ја ресетира и
лозинката на Вашиот профил. Доколку се сомневате дека Вашата
лозинка е разоткриена, на пример е променета без Ваше знаење, Ве
молиме да не контактирате на емаилот за техничка поддршка (линк до
Контакт). Забелешка: Треба да знаете дека доколку пристапувате на
систем со осетливи информации никогаш не треба да ја споделувате
лозинката со други. Лозинката е тајна и треба да ја знаете само
Вие.
5. Како може да ги верификувате, промените или избришите
податоците за Вас?
Доколку сакате податоците содржани на
Вашиот профил може да ги менувате и ажурирате. Доколку имате какви
било проблеми поврзани со промени и пристап до Вашите податоци
молиме да го користите емаилот за пријавување на технички проблеми
(линк до Контакт). Не може да се менуваат техничките нформациите
кои се обработуваат автоматски од страна на сервисот за
автентификација, со исклучок на лозинката.
6. Колку време се чуваат Вашите податоци?
Сигурносна копија на податоците содржани на
Платформата се прави секојдневно од страна на Агенцијата за
заштита на личните податоци со цел да се обезбеди нивно враќање во
случаи на какви било инциденти. Сите активности на Платформата се
следат и се чуваат логови за сите активности вклучително и за
барањата за автентификација. За повеќе информации како Агенцијата
за заштита на личните податоци обезбедува тајност и заштита на
личните податоци може да добиете на следниов линк: https://www.dzlp.mk/mk/TOM_DZLP.
Контакт информации
Доколку сакате да поставите прашање
или сакате да поднесете барање како се обработуваат Вашите лични
податоци на Платформата за размена на информации Ве молиме
контактрајте го офицерот за заштита на личните податоци на
Агенцијата за заштита на личните податоци
Контакт:
Блерим
Бајрами
Е-маил: blerim.bajrami@privacy.mk
Телефон: ++389 2 3230 635